Тенискиот свет моментално го тресе голем скандал поврзан со наместени мечеви. Според францускиот весник „Лекип“, веројатно се работи за најголемиот скандал во историјата на овој спорт. Надлежните тела вршат истрага за 375 мечеви одиграни во периодот од февруари 2014 до јуни 2018 година. Во тие натпревари, инволвирани се 181 тенисер.
Како „мозок“ на операцијата за наместени мечеви наводно е 32-годишниот Григор Саргсјан, познат како Мастер, поврзан со ерменската мафија. Се верува дека тој е одоговрен за подмитување на тенисери кои требало да наместат гејм, сет или некој меч.
Во јавноста се појави и тарифник за местенки, па за загубен гејм во еден сет, тенисерот кој учествувал во местенката заработувал 400 евра, а за загубен натпревар се добивало 2.000 евра.