ВМРО-Народна за МРТ во Бугарија: Го поддржуваме Ковачевски, но зошто ова не се побара и од Србија

ВМРО-Народна партија ја поддржува иницијативата на премиерот Ковачевски да побара објаснување од МНР зошто нема паритетен однос и македонската национална телевизија да биде емитувана во соседна Бугарија.

Добивај вести на вибер

„Но во исто време сакаме да прашаме зошто овој паритет не се бара и од соседна Србија. Имено, во моментов на македонските кабловски оператори има меѓу 30-40 телевизиски канали кои потекнуваат од нашиот северен сосед и во кои на мнозина од нив гледаме играни филмови и документарни емисии во кои окупацијата на Македонија се претставува како ослободување“, велат од оваа партија.

За волја на вистината надвор од кабловските мрежи Северна Македонија, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, има и регистрирана српска телевизија односно телевизија „Алфа“.

„Неможеме да сфатиме зошто се води ваква еднострана политика од страна на нашата земја. Северна Македонија мора да води принципиелна политика кон сите свои соседи ако сака да не го загрозува својот Евроатлантски пат“, се дополнува во соопштението од ВМРО Народна.

Треба да знаете
Последни објави