Додик: НА ЛГБТ активистите да им се забрани влезот до училиштата

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во Република Српска ќе се донесе закон со кој на припадниците на ЛГБТ заедницата ќе им се забрани влез во образовните институции.

„Значи, во градинките, училиштата, факултетите нема да можат да пристапат, нема да можат да вршат пропаганда“, изјави синоќа Додик во интервју за телевизијата „К3“.

Тој рече дека тоа е „институционална одговорност на властите во Република Српска, кои на овој начин сакаат да ги зачуваат, како што рече, традиционалните и семејните вредности“ на луѓето.

Причина за ова е неодамнешниот напад на хулигани врз активисти на ЛГБТ заедницата и новинари во Бања Лука, за што ги обвинија Додик и градоначалникот на Бањалука Драшко Станивуковиќ дека со своите ставови и изјави го предизвикале нападот.

Нападнатите членови на ЛГБТ заедницата и новинарите биле принудени да ја напуштат Бањалука и Република Српска бидејќи полицијата не можела да им гарантира безбедност, пренесува „Недељник“.

Треба да знаете
Последни објави