Во сабота попладне ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлина, соопшти УХМР.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.
Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури.