Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мораше да ја откаже посетата на Лондон поради одбивањето на голем број пилоти да управуваат со авионот во кој тој е патник.
„Израелските пилоти одбија да го пренесат Нетанјаху во Британија“, изјави извор од британската влада.
Илјадници луѓе протестираат против судските реформи во Израел речиси 11 недели.
Демонстрации против реформите се одржаа вчера во близина на резиденцијата на Нетанјаху и куќите на другите членови на владата.
Нацрт-законот претставен од министерот за правда Јарив Левин во јануари, доколку биде усвоен, значително ќе ги намали овластувањата на израелскиот Врховен суд и ќе и даде на владата контрола врз постапката за именување судии, пренесуваат медиумите.