Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес имаше средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјава. Министерот направи пресек на последните случувања на надворешен план, со акцент на нашата ЕУ агенда и одржувањето на Советот за стабилизација-асоцијација за првпат во Северна Македонија, средбата во рамки на Косово-Србија дијалогот во Охрид, како и вчерашната посета на шефицата на германската дипломатија, со што ЕУ порача дека ја смета Северна Македонија за кредибилен партнер.

“Одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација минатата седмица за првпат во Скопје, како и одржувањето на средбата меѓу српскиот претседател А. Вучиќ и косовскиот премиер А. Курти во Охрид е признание за новата улога на Северна Македонија во регионален контекст во насока на зачувување на регионалната безбедност и просперитет, промовирање на културата на дијалог и ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан” рече Османи, истакнувајќи дека оваа интензивна надворешно-полтичка агенда претставува потврда за европската иднина на регионот.

На средбата стана збор и за следните чекори во однос на нашиот пристпаен процес во ЕУ, со посебен акцент на досегашната успешна реализација на скринингот, потребата од донесување на уставните измени како наша преземена обврска, тековните предизвици во рамки на претседавањето со ОБСЕ и одржувањето на третото издание на Преспа форум за дијалог.

Треба да знаете
Последни објави