САД усвоија нови санкции кон Белорусија

САД денеска усвоија нови санкции против Белорусија, соопшти американското Министерство за финансии на својата Интернет страница.
Во согласност со извршната наредба 14038, Канцеларијата за контрола на странските средства на Министерството за финансии на САД – ОФАК (OFAC) им ги блокираше сметките на три ентитети, девет поединци и на листата го стави и претседателскиот авион.
Санкциите се наметнати на поединци и ентитети во Белорусија како одговор на, како што е соопштено „бруталното задушување на продемократското движење и граѓанското општество во врска со фалсификуваните претседателски избори“ одржани во август 2020 година, додаде ОФАК.
Американските медиуми пренесуваат дека Канеларијата на Министерството за финансии ја нагласува и подготвеноста на САД да го сметаат режимот во Минск за соучесник во војната на Русија против Украина.

Треба да знаете
Последни објави