Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски секојдневно потврдува дека е само обичен заложник на Левица и Димитар Апасиев па и оттаму потребата постојано да глуми радикал.
Единствениот план на Мицкоски е да го следи Апасиев и со него да се натпреварува со блокади и деструкции со цел да го попречи европскиот пат на државата.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не поддржа ниту една одлука, не учествуваше во ниту еден процес важен за евроинтеграциите и за меѓунардоното потврдување на државата.
Но затоа, истото тоа ВМРО-ДПМНЕ правеше и прави сè да ја загрози европската иднина, да пласира лажни вести со кои ќе ја манипулира и вознемирува јавноста.
Така правеа и за време на пандемијата со корона и за време на Европскиот предлог и за време на енергетската криза, така прават и сега кога треба да се носат реформи со кои ќе се интензивира евроинтегративниот процес.
Без разлика на дејствувањето Мицкоски, СДСМ нема да се откаже од европската иднина.
Силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат, а Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази.