Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница.
На дневен ред на седницата се Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на собраниските службеници, Предлог-одлуката за начинот на утврдување на платите на вработените во Службата на Собранието на Република Северна Македонија кои вршат помошно-технички работи и немаат статус на административни службеници, како и Предлог-одлуката за начинот на функционирање и обезбедување на средства за остварување на контакти на пратениците со граѓаните.