Синоќа младиот фудбалски стратег Јулијан Нагелсман доби отказ од Баерн Минхен. Негов наследник ќе биде Томас Тухел. Нагелсман заминува од Баерн со пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите и второ место во Бундес лигата со бод помалку од најголемиот ривал Борусија Дортмунд. Тренерската рокада кај тимот од Минхен ја потврди и трофејниот Баерн.
-Баерн Минхен го отпушти главниот тренер Јулијан Нагелсман. Одлуката беше донесена од извршниот директор Оливер Кан и членот на бордот за спорт Хасан Салихамиџиќ во консултација со претседателот на клубот Херберт Хаинер. Нагелсман ќе биде заменет од Томас Тухел. Тухел ќе добие договор до 30 јуни 2025 година и од понеделник ќе почне да го води тимот, стои во соопштението на Баерн Минхен.
Нагелсман сигурно брзо ќе најде нова работа, веројатно од стартот на следната сезона, а шпански „Релево“ ексклузивно пренесува дека Германецот би можел да го наследи легендарниот Карло Анчелоти и да стане тренер на европскиот шампион Реал од Мадрид.
Со месеци се шпекулира дека ова е последна сезона за Анчелоти во Реал, медиумите и некои претставници на Бразил, искусниот Италијанец се сели на клупата на „селеса“, додека местото шеф на „кралскиот“ клуб би останало празно.
Токму тоа би можел да го искористи Нагелсман и да седне на клупата на шпанскиот великан. Наводно, младиот Германец му паднал во очи на претседателот на Реал, Флорентино Перез, а самиот тренер изјавил дека преговарал со Мадрид уште во 2018 година, но тогаш не бил постигнат договор.
Покрај Реал Мадрид, уште неколку сериозни европски клубови наводно размислуваат за Нагелсман, пред се лондонските ривали Челзи и Тотенхем и францускиот Пари Сен Жермен.