УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година. 

-Ова значи дека сите корисници на МојДДВ ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се  видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6., наведува УЈП. 

Исплатите со зголемен максимален износ од 2 100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава  ќе се реализираат во мај. 

Според УЈП, во моментов апликацијата МојДДВ ја користат 523 673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се  вратени близу шест милијарди денари.

Треба да знаете
Последни објави