Франција, во својот прв меч по поразот во финалето на Светското фудбалскомпрвенство во Катар, и мсе истури на Холандија убедлив триумф од 4:0 на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2024.
Белгија исто така имаше фантастичен старт, победувајќи ја Шведска на гости со хет-трикот на Ромелу Лукаку, додека Србија го отвори циклусот со очекувана победа од 2:0 против Литванија.
По сите шпекулации дека Антоан Гризман е бесен што Килијан Мбапе ја доби капитенската лента во француската репрезентација, токму Мбапе му асистираше на Гризман уште во втората минута за 1:0 водство. Во осмата минута, Дајот Упамекано зголеми на 2:0, за Мбапе, во 21. минута да стави крај на сите надежи на гостите. Мбапе, во својот прв меч како капитен, во 88. минута го претвори високиот пораз во вистинска катастрофа на тимот на Роналд Куман во неговото деби на холандската клупа.
Ромелу Лукаку, пак, по слабата форма за Интер оваа сезона, се „разбуди“ против Швеѓаните, доминирајќи со хет-трик за 3:0 триумф. Лукаку го отвори резултатот во 35. минута од мечот, во 49. минута зголеми на 2:0, за во 83. минута да го комплетира хет-трикот. Србија, пак, пред малку публика, со головите на Душан Тадиќ во 16. минута и во 53. минута на Душан Влаховиќ стаса до победата.
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Франција – Холандија 4:0
Гибралтар – Грција 0:3
ГРУПА Е
Чешка – Полска 3:1
Молдавија – Фарски Острови 1:1
ГРУПА Ф
Австрија – Азербејџан 4:1
Шведска – Белгија 0:3
ГРУПА Х
Србија – Литванија 2:0