Јован Манев, член на Адана Демирспорт во Суперлигата на Турција, е дополнително повикан во најдобрата македонска фудбалска селекција за пријателскиот натпревар в понеделник на против Фарски Острови.
Селекторот на македонската репрезнетација, Благоја Милевски го повика Манев, на местото на Висар Муслиу, кој доби ослободување од обврските и се врати во својот клуб, Инголшштадт, кој набргу има нов натпревар во германската трета лига. Против скандинавскиот ривал нема да игра ниту Зајков, кој се повреди вчера на дуелот со Малта и мораше да биде заменет во финишот.
Против Фарски Острови нема да настапи ниту Столе Димитриевски, а заради повреди отпаднаа и Дориан Бабунски и Аријан Адеми.
Натпреварот Македонија – Фарски Острови се игра в понеделник од 17:00 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.