Францускиот претседател Емануел Макрон го предизвика гневот на француската јавност откако неговото интервју за француската телевизија каде ја бранеше својата визија за пензиските реформи предизвика бран на насилство на улиците низ Франција што донесе милиони Французи на улиците.
За време на интервјуто, во француската јавност падна еден детал кој веднаш беше објавен на социјалните мрежи, а тоа е моментот кој некои го нарекоа бизарен, каде Макрон, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигна својота рака и го покажа часовникот за кој некои тврдат дека чини 80.000 евра.
На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спупта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа ја продолжува расправијата, само овој пат без часовникот на раката.
Оваа постапка на Макрон предизвика гнев кај Французите, со оглед на тоа што тој за тоа зборува како жртва за францускиот народ и носи часовник од 80.000 евра.
Сè се случуваше додека демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.