Кубанскиот ракометен интернационалец Жоел Куни Моралес, ќе ги напушти редовите на македонскиот првак и ппоранешен двократен европски шампион Вардар на крајот од сезоната. Десниот бек на „црвено-црните“ кој во Скопје пристигна во 2021 година од следната сезона ќе биде дел од тимот на хрватскиот првак ППД Загреб, открива хрватскиот „24 сата“.
Информацијата ја потврдува новиот спортски директор на загрепскиот клуб, Дамир Бичаниќ.
Ова ќе биде трета преселба на ракометар на Вардар во ППД Загреб по Иван Чупиќ и Тимур Дибиров кои се веќе настапуваат за хрватскиот првак.
Покрај Моралес, ППД Загреб ќе ги засили редовите и со црногорскиот играч Миодраг Чорсовиќ кој моментално игра во Требње, какои Матиц Сухолезник од Целје и голманот Анте Грбавац.