Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката.
Човекот, чиј идентитет не се открива, допатувал од Јужна Каролина во Лос Анџелес и стигнал до куќата на музичарката, но веднаш бил запрен од нејзиниот тим за обезбедување, дознава „ТМЗ“.
Откако им кажал за своите намери, персоналот повикал полиција. Полицајците му ставиле лисици на човекот, го ставиле во нивното службено возило и „имале сериозен разговор“ за неговите намери, пренесува интернет таблоидот.
Утврдено било дека човекот не прекршил никаков закон, но од него било побарано да замине и му било кажано да не се враќа.
Не е јасно дали бремената Ријана, која има 10-месечен син со партнерот Асап Роки, била дома во тоа време.