Одбојкарите на Струмица Никоб се победници на македонскиот одбојкарски куп откако денес во финалето на турнирот во Радовиш ја совладаа екипата на ГОК „Борец“ со 3:0, по сетови 27:7, 25:23 и 25:18.
Ова е деветта куп титула за струмичани, а денешната е шеста по ред.
Завршниот турнир од македонскиот одбојкарски куп во машка и женска конкуренција се одржа во Радовиш, во спортската сала „25-ти мај“.
Попладнево во женското финале се среќаваат екипите на „Наковски Волеј“ од Струмица и „Работнички Скопје“.