Маркез со пол-позиција во Португалија

Новата Мото ГП сезона стартува поразлично од било која претходно во историјата, бидејќи во Портимао за првпат се возеа квалификации порано од предвиденото, сето тоа поради згуснатата саботна програма.

Водечките луѓе на Мото ГП одлучија дека во сабота ќе се возат и спринт трки како во Формула 1, а денешната која ќе биде прва во историјата ни го носи Марк Маркез како стартер на првата позиција.

Шпанецот на чудесен начин ја освои пол-позицијата откако претходно влезе меѓу десетте најдобри преку „баражот“, па мораше да постави рекорд на стазата за да ги победи возачите на Дукати.

Во својот рекорден круг кој изнесува 1:37.226, Маркез возеше зад Бастијанини и успеа да биде за нијанса подобар од Пеко Бањаја, па на тој начин ја освои пол позицијата.

Тоа значи дека ќе стартува прв на историската спринт трка која се вози денеска подоцна, но без оглед што ќе направи на неа, ќе стартува прв и на утрешната главна трка во Португалија.

Покрај Маркез и Бањаја, во првиот стартен ред е и Хорхе Мартин, четврти е Оливеира со Априлија, а на петто место е Џек Милер. Во првите десет се уште Бастијанини, Виањлес, Бецеки и Марини.

Треба да знаете
Последни објави