Одбојкарките на Работнички по шести пат го освоија Купот на Македонија

Одбојкаркоте на Работнички Скопје ја одбранија титулата во Купот на Македонија со триумф против Наковски Волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на завршниот турнир во Радовиш.

Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но скопјанките направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.

Тамара Стојанова со 17 поени беше најефикасна во победничкиот состав.

Кај Наковски Волеј најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени.

Работнички ја освои својата шеста куп-титула, Наковски Волеј не успеа да стигне до својот прв трофеј.

Треба да знаете
Последни објави