Струмица Никоб старо-нов победник во македонскиот одбојкарски куп

 Одбојкарите на Струмица Никоб се победници на македонскиот одбојкарски куп откако денес во финалето на турнирот во Радовиш ја совладаа екипата на ГОК „Борец“ со 3:0, по сетови 27:7, 25:23 и 25:18.

Ова е деветта куп титула за струмичани, а денешната е шеста по ред.

Завршниот турнир од македонскиот одбојкарски куп во машка и женска конкуренција се одржа во Радовиш, во спортската сала „25-ти мај“.

Попладнево во женското финале се среќаваат екипите на „Наковски Волеј“ од Струмица и „Работнички Скопје“.

Треба да знаете
Последни објави