Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман ги искажа впечатоците за првиот натпревар од квалификациската група Б, за ЕП 2024 против Франција кој го загубија убедливо (0:4).
– Ја загубивме топката на 20 метри од голот и бевме казнети од големите противници. Играа премногу наивно. Жално е што многу играчи отпаднаа поради вирус, но тоа не е она за што зборуваме во моментов. Дефинитивно не одигравме добро. Не ги обвинувам само младите, очекував повеќе и од ветераните, изјави Куман.
Во групата Б водат Франција и Грција со по три бода. Холандија и Гибралтар немаат освоено бод.
Во следниот натпревар Франција ќе игра на гости со Ирска на 27 март, Холандија истиот ден ќе игра на домашен терен против Гибралтар.