Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја победи Финска со подоброто изведување на пенали, на Меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023″.
Во регуларните 90 минути натпреварот заврши 1:1.
Берат Калкан од пенал го постигна голот за македонската репрезентација, Финска изедначи преку Скита.
Во пенал серијата, избраниците на селекторот Драги Канатларовски – Цапар успеаја да обезбедат триумф.Сигурни од белата точка беа Малески, Крстевски, Николов, Фета и Фетаи. Голманот Марко Алчевски успеа да им одбрани два пенала на фудбалерите на Финска.