Сончево време со мала до умерена облачност може да очекуваме денес, според УХМР.
Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.