Бидејќи нема што да им понудат на земјоделците за кои владата предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и силно го поддржува, на ВМРО-ДПМНЕ И Цветан Трипуновски им останаа само лагите.
Целосна невистина е дека Гоце Георгиевски доделил грант од 10.000 евра на негов родител, тоа е лага на Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку Трипуновски јавно не се извини за пласираните невистини најавуваме дека Георгиевски ќе поднесе соодветна претставка за навреда и клевета пред надлежен суд.
Граѓаните знаат дека делење грантови и субвенции на роднини беше одлика на режимот на ДПМНЕ чиј претставник е Трипуновски.