Вучиќ го нападна Партизан: Јас сум п**ер, а тие должат 26 милиони евра

Големите долгувања на фудбалскиот и кошаркарскиот тим на Партизан на име неплатени даноци одново е топ-тема во српските медиуми, откако за тоа зборуваше и претседателот Александар Вучиќ.

Првиот човек на Србија им одговори на „Гробари“ на нивните прозивки и навреди со јавно објавување на долгот, за кој во секоја друга нормална држава многумина ќе лежеа во затвор, вклучувајќки и тој кој им дозволил да не плаќаат.

„Никогаш не сум криел дека навивам за Ц. Звезда. Во италијанската влада има министер кој навива за Јувентус и негов колега кој е голем фан на Рома, па работат заедно, а никој не говори за тоа во јавноста ниту се сомнева на местенки. И кога ќе помислам може има нешто вистинито во навредите кон мене, гледам дека ФК и КК Партизан ѝ должат на државата 26 милиони евра. И тогаш јас сум пе*ер за навивачите на клубот со огромен долг, зашто ги пуштам да не ги плаќаат побарувањата. А, сите други мора да плаќаат данок“, изјави Вучиќ.

Според него, долговите на ФК и КК Ц. Звезда на име неплатен данок изнесуваат „само“ три милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави