Како е можно фирма како Електра Солушн која немала ниту лиценца за надзор кога се отвора тендерот од 22 милиони евра, да оформи Конзорциум, да го добие тендерот и да наплати најголем дел од колачот, ако нема други работи кои не и се познати на јавноста?
ЈО мора да отвори постапка и да утврди како Електра Солушн која поднесува за лиценца за надзор во сред јавен повик за прибирање понуди, и ја добива за само 5 дена успева да го добие тендерот?
Мора да се даде одговор на прашањето кога Електра Солушн ги контактирала ЕПТИСА и ИРД, како и Евро Консалтинг на бараниот со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ и како успеале да направат договор за заеднички настап во само неколку дена? Зошто ИРД за која како што велат од владата е фирма со меѓународно искуство чекала Електра Солушн фирма за производство на долна облека да добие лиценца за да поднесат понуда за учество на тендер од 22 милиони евра?
Како Електра Солушн ги убедила ИРД и ЕПТИСА дека иако немаат лиценца за надзор истата ќе ја добијат за 5 дена? Но и како ги убедиле дека ќе можат да се носат со проектот иако дотогаш произведувале долна облека?
ЈО треба да утврди како Електра Солушн добива најголем дел од колачот, иако ИРД на хартија е носител на Конзорциумот?
Во изминатиов период поставивме и голем број други прашања, одговори бараа и медиумите и стручната јавност. Очекуваме ЈО да се охрабри и да отвори случај. Доколку ЈО остане немо на овие индиции за криминал, се става во одбрана на истиот и ќе треба еден ден да даде одговор зошто тоа го правеле.