„Согласно Уставот на Република Македонија македонската дипломатија е структуирана од централната точка МНР и ДКП како традиционална или класична демократија која моја да почива на принципите на меритократија, правичност и дипломатски кариерни дипломати. Но од друга страна и да вклучува во дипломатијата луѓе кои со својот опус научен, интелектуален и културен се докажани во македонското општество и можат да го зголемат фаворитното милје на македонската дипломатија”, рече поранешниот Амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев на денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија”.
Тој посочи дека главните причини се тоа што не постои систем во министерството за надворешни работи. Тоа се должи на тоа што секоја посебна одделна политичка гарнитура во Македонската држава се однесува наместо кон дипломатската професија не како стална дипломатија туку како ад-хок дипломатија односно од случај до случај.
„Одраз на ставот на оваа политичка гарнитура е дека македонската нација завршува со границите на македонската држава. Тоа е нешто што е неприфатливо во контекст на она што претставува Балканска географија и развојот на народите на балканскиот полуостров кој секогаш бил мултиетнички. Невозможно е сите други народи од соседството да имаат народи во Македонија, а само ние како Република Македонија да немаме право да говориме за нашите малцинства во Грција и Бугарија”, кажа Ѓорчев.
Ѓорчев е дециден дека како држава должни сме да ги браниме човековите права на Македонците во пиринскиот крај во Бугарија.
„Ние како држава покажавме огромна слабост и една од причините за една ваква офанзивна реторика на бугарската држава е тоа е искусна дипломатија и тие разбраа дека имаат работа со една неорганизирана дипломатија која ни малку не се грижи што се случува со Македонците во Бугарија и од година во година нивниот број се намалува”, изјави Ѓорчев.