Државата покажа грижа за македонските бранители, но тоа не е доволно бидејќи дел од нив и по две децении, се уште не се обесштетени, рече денеска претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов при оддавањето почит на загинатите бранители од 2001 година пред споменикот во паркот „Жена борец“ во Скопје.
„15-тина семејства на загинати бранители, како и 30-тина полесно повредени бранители до ден денес се уште не се обесштетени. Со координаторот на СДСМ се договорени деталите, но ирелевантно е дали Достоинство ќе ја поднесе иницијативата или ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат предлог закон за измена на законот на бранителите. Крајно време е да се реши овој горлив проблем“ посочи Ангелов.