ДУИ ќе продолжи да биде гарант за внатрешната стабилност на земјата, порачаа од партијата на Ахмети

Да се биде три години дел од најмоќната воено-политичка организација во светот претставува остварување на најважната стратешка определба на граѓаните од самото осамостојување на земјата, велат од Демократската унија за интеграција на тригодишнината од членството во НАТО.

„На тригодишнината од нашето членство можеме да констатираме дека Република Северна Македонија се покажа како рамноправен партнер на сојузниците во алијансата остварувајќи значаен придонес како во регионалната така и во европската безбедност.

Со своето политичко дејствување Демократската унија за интеграција ќе продолжи активно да биде гарант за внатрешната стабилност на земјата придонесувајќи со тоа и за остварување и на втората стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во Европската Унија“, се потенцира во соопштението од ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави