Поранешниот двократен европски машки ракометен првак и актуелен македонски шампион Вардар оствари убедлива победа во првата пресметка за титулата со лутиот ривал битолски Пелистер (31:24) во СЦ „Јане Сандански“ . Сепак, натпреварот меѓу Вардар и Пелистер остана во сенка на оинцидентните сцени кои се случуваа во салата „Јане Сандански“ во Скопје во 16 минута кои предизвикаа и подолг прекин.
Овие грди слики од пресметката на навивачите и интервенцијата на полицијата се најдоа во фокус на медиумите во регионот и пошироко низ Европа. Откако битолската навивачка група Чкембари влезе во салата почна со пиротехника да фрла кон публиката. На ваквата реакција возвратија вардаровите Комити, кои се најдоа на паркетот, за да се пресметаат со гостите. Ракометарите на Пелистер се повлекоа во соблекувалната, а вардаровите се обидуваа да помогнат во смирување на зовириените старсти меѓу своите навивачи. Откако помина бурата и беа создадени какви такви услови за продолжување на натпреаврот средбата го дочека крајот, но ќе има трето полувреме пред надлежните во РФМ.
„Срам…, Хаос… Македонија вакво нешто не памети… Дивеење“, ова се дел од насловите на регионалните и европските медиуми кои објавуваа за македонското ракометно дерби.
МВР објави дека 18 навивачи на Пелистер биле уапсени, а вечерта после мечот нивните најлути непријатели Комити им однеле храна и пијалоци во полициската станица, а потоа им обезбедиле комбе до Битола за безбедно да се вратат дома.