Конте замина, Нагелсман прв фаворит за испразнетото место на клупата кај Тотенхем

Англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем на својата официјална веб-страница потврди дека е прекината соработката со тренерот Антонио Конте. Медиумите на Островот во прв фаворит да го пополни местото на испразнетата тренерска клупа кај Тотенхем по разделбата со италијанскиот стратег го номинираа поранешниот тренер на германскиот бундеслигаш Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман. Младиот германски стручњак кој доби отказ од повеќекратниот германски првак би се најавува дека ќе седен ка клупата кај Тотенхем на крајот од сезоната.

Тотенхем до крајот на мај ќе го предводи Кристијан Стелини, објавија некои британски медиуми.

По 28 натпревари, Тотенхем се наоѓа на 4. место на табелата во Премиер лигата. 

Треба да знаете
Последни објави