На 75 минути пред почетокот на натпреварот со Фарски Острови селекторот Благоја Милевски го објави тимот кој ќе го стартува првиот контролен дуел во оваа година.
На голот ќе биде Дамјан Шишковски, а во линијата на тројца централни дефанзивци се капитенот, Стефан Ристовски, Кире Ристевски и Езгијан Алиоски.
Во петорката во средниот ред се Јани Атанасов, Дарко Велковски, Енис Барди и Ваљон Етеми додека во нападот е триото Дарко Чурлинов, Илија Несторовски и Милан Ристовски.
На денешниот натпревар се очекува во националниот тим да дебитираат Давор Здравковски и Јован Манев кои за прв пат и беа повикани на еден собир на репрезентацијата.
Натпреварот се игра на арената Тодор Проески и почнува во 18 часот.