Со огромна чест и задоволство, би сакал да ви соопштам дека ОМД за прв пат се проширува во Јужна Америка и ја назначи Елисабет Николофски за прв претставник во Бразил.
За таа цел, би сакал да споделам неколку информации за Елисабет и нејзиното назначување на позицијата, кои се надевам ќе бидат споделени од ваша страна
” Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечкиот глас за Македонците низ светот, со огромна радост го објавува своето проширување во Јужна Америка – со назначувањето на Елисабет Николофски за прв претставник на ОМД во Бразил. Елисабет е прва генерација Македонка родена во Бразил.
“Одборот на ОМД му се заблагодарува на нашиот долгогодишен член на Советодавниот одбор на ОМД Питер Далас за неговите напори да нашата организација се прошири во Јужна Америка. Ја имав честа повеќе да ја запознаам Елисабет, а таа е посветена и страсна Македонка и голем трговец – задоволни да го имаме нејзиниото искуство во ОМД и со нетрпение очекувам да видам како ОМД ќе расте во Бразил и низ цела Јужна Америка,” рече претседавачот на ОМД, Арџи Н. Белио.
“Цврсто верувам дека треба да има повеќе и посилни врски меѓу Македонците од Латинска Америка и другите Македонци во нашата дијаспора. Како таква, постојано барам да се поврзам со нашите роднини каде било во светот,” рече Елисабет Николофски, која моментално посетува онлајн часови по македонски јазик на ОМД.
“Јужна Америка е дом на десетици илјади луѓе со македонски корени и во голема мера се заборавени – целта ми беше да допрам до нив, а со Елисабет мислам дека имаме позитивна иднина и се надевам дека наскоро ќе видам млад Македонец од Јужна Америка да учествува во студентската програма на ОМД, Родум од Македонија,” рече Питер Далас.
Елисабет Николофски е прва генерација родена Бразилијанка со македонско потекло од нејзиниот татко, кој потекнува од Битола. Нејзината мајка е Бразилијанка.
Елисабет и нејзиниот сопруг Фабио Бечерт живеат во Куритиба, голем град во јужен Бразил. Тие имаат 2 деца близнаци Елена и Рафаел кои имаат 10 години.
Елисабет студирала како додипломски студии на Универзитетот Санта Круз. Потоа магистрирала за бизнис администрација на Федералниот универзитет. Двете институции се во Бразил.
По завршувањето на своето образование, таа се вработува во Банко де Бразил. Во моментов, таа е вработена како извршен директор во Sicredi Credenoreg, најголемата кредитна унија во Бразил.
Елисабет неодамна учествуваше на глобалниот Конгрес на Кредитната унија што се одржа во Ирска. Таа беше гостин говорник на собирот. Додека беше таму, таа се сретна со претседателот на кредитна задруга со седиште во Македонија. Во следната посета на Републиката таа се поврза со претседавачот и доби увид во работењето на македонските кредитни унии.
Уште од рано детство, Елисабет има страст за одбојка. Како возрасна, таа е маестрален играч и има освоено бројни трофеи во спортот.
Елисабет секогаш имала жестока поврзаност со нејзините македонски корени и патува во Републиката колку што може почесто. Таа има роднини по татко во Торонто и се обидува често да ги посетува. Елисабет е толку посветена на нејзиното македонско наследство; таа поднела барање за македонско државјанство.
ОМД ја користи оваа прилика да изрази благодарност до првиот и поранешен македонски амбасадор во Бразил, амбасадорот Ивица Боцевски, долгогодишен пријател на ОМД, кој пред неколку години беше на чело на отворањето и формирањето на единствената македонска амбасада во Јужна Америка, и со неговите напори за доближување до Македонците во Јужна Америка.
Доколку некој е заинтересиран да се поврзе со Елисабет, ве молиме пратете е-пошта на ОМД на info@umdiaspora.org.”