Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на ул.„Рузвелтова“, која се реконструира на потегот од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“.
Реконструкцијата на „Рузвелтова“ во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци, се простира на површина од 7350 м2 и должина од 600 метри, со што ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот.
Покрај нов коловоз, се работи на стабилизирање на основата на улицата со што се избегнува неквалитетна изведба која може да доведе до пропаѓање на истата, а пешачката зона ќе добие нов, модерен лик со соодветно хортикултурно уредување, соопшти прес-службата на Град Скопје.