Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 29.03.2023 година (среда) поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф – 200 мм на ул. „Димо Хаџи Димов“ бб – во близина на комплекс Шампионче, во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Божидар Аџија“.
Улиците се наоѓаат во општина Кисела Вода.