Социјалните мрежи денеска беа преплавени од видеа каде загрижена пенизонерка го пресретна премиерот Димитар Ковачевски во маркет каде му се пожали на високите цени и ниските плати.
Малку време беше потребно медиумите да откријат дека „загрижената“ пензионерка е всушност активистка на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за скопјанката Ацка Станишева чиј профил на Фејсбук изобилува со фотогафии каде таа е сликана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, но и на протестите против Францускиот предлог кои се одржуваа во јули.
Дека очиглено станува збор за режиран и однапред планиран настан, доказ се и масовните објави на Твитер од корисници блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои десеттина минути по објавата на видеото оркестрирано споделуваа објави со „храбрата пензионерка која му се спротивставила“ на премиерот.
Очигледно дека дејствувањето на политичките партии во периодов влегува во нова димензија, па може да се очекуваат и нови вакви појави во иднина.