На социјалните мрежи во Србија се појави снимка од супермаркетот „Лидл“ во Борча, каде настанала тепачка меѓу неколку повозрасни муштерии.
Тепачката, како што пишуваат српските медиуми, наводно избила поради ќебапи, односно поради ниските цени на овој продукт. На снимките се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да дојдат до месото.
Маркетот објавил дека има акција во која цената на ќебапите ќе биде пониска. Промотивната цена на ќебапите завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари.