Стручни екипи од Скопје три дена не можат да извлечат човечки труп од бездна, кој беше забележан од случаен минувач во близина на Неготино, кај местото викано Просек.
СВР Велес потврдија дека се повикани стручни екипи од Скопје, но акцијата се одвивала многу тешко, поради длабоката бездна.
Како што пишува „Фокус“, нема податоци дали се работи за маж или жена и колку долго се наоѓало во бездната.
Загрижени семејства на лица кои се водат за исчезнати бараат податоци за откриениот труп, прашуваат во каква облека е починатото лице или каков било конкретен податок за физиономијата.
По завршување на сите законски процедури, откако ќе се дојде до телото, СВР Велес информира дека ќе го утврдат идентитетот на лицето.