Стојаноска до Костовски: Вие ли ќе зборувате за европски вредности, а го пљачкате народот? 

Ве молам за Европа немојте да зборувате и да кажувате. Вие ли сте пример за европски вредности? Вие ќе зборувате за европски вредности? За кое квалитетно здравство или образование зборувате? Па учебници немаат децата, три години има јаз во образованието, му порача Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на Мартин Костовски од СДСМ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Стојаноска потенцираше дека владата на СДС го пљачка народот, а со покачување на минималната плата со која се фалат од власта вели дека треба да погледнат каква е куповната моќ, како и дека скоро 30 проценти има инфлација на цените на прехранбените производи.

За кој европски вредности вие ќе ми зборувате, за тоа што го пљачкате народот. За кои покачени минимални плати, па погледнете која е куповната моќ, имаме близу 30 проценти инфлација на прехранбените производи.

Во однос на замрзнатите цени, Стојаноска смета дека доколку власта сакаше да има некаков ефект, тогаш ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ уште многу порано.

Некоја мерка да се преземе на време многу значи. Ова замрзнување на цените ВМРО-ДПМНЕ го бараше многу порано.

Треба да знаете
Последни објави