Пелистер: Погрешивме што го доигравме мечот со Вардар 

Македонскиот ракометен вицепрвак битолски Еурофарм Пелистер повторно се огласи за инцидентите кои се случија на дерби натпреварот против Вардар во Скопје одигран викендов во салата „Јане Сандански“. Еурофарм Пелистер го загуби мечот со 31:24. Натпреварот во 16 минуата бешее дваесетина минути прекината поради инцидентите кои ги придизвикаа навивачите на двата тима. Битолчани се повлекоа во соблекувалната за да избегнат тортура.

Од битолскиот клуб денеска испратија писмо до Ракометната федерација на Македонија во кое се наведуваат пропустите за време на средбата во „Јане Сандански“ и порачаа дека згрешиле што се вратиле на теренот да го доиграат истиот.

Битолчани во реакцијата потенцираат и тоа дека Вардар се уште не се оградил од однесувањето на навивачите, па затоа изразуваат сомнеж за некакво сценарио.

Треба да знаете
Последни објави