Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе се сретне со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски. Ова денеска е соопштено од прес-службата на српскиот претседател.
Средбата е закажана во 9:00 часот во зградата на Генералниот секретаријат во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Последната средбата меѓу двајцата официјални претставници беше во Охрид пред две недели, откако Вучиќ присуствуваше како дел од дијалогот Белград-Приштина, при што усно беше формализиран договорот од Охрид за нормализирање на односите меѓу двете земји, со посредство на ЕУ.