Во Русија уапсен дописникот на „Волстрит журнал“ под сомнение за шпионажа

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Екатеринбург е уапсен дописникот на „Волстрит журнал“, Американецот Еван Гершкович под сомнение за шпионажа.

Во соопштението на ФСБ се наведува дека а 32-годишниот Гершкович е осомничен за шпионажа во корист на американската Влада.

– Гершкович по инструкции на американската страна, собрал информации кои се државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс, посочува ФСБ.

На новинарот му се заканува затворска казна до 20 години. 

Треба да знаете
Последни објави