Симеоне најплатен тренер во светот

Диего Симеоне и понатаму е најплатен тренер во светот, потврди еминентниот ведник „Екип“.

Весникот денес ги објави платите на најплатените тренери, а најплатен е стратегот на Атлетико Мадрид кој заработува неверојатни 34 милиони евра годишно.

Втор на листата е Пеп Гвардиола кој заработува 22,4 милиони евра по сезона, а потоа следува Јирген Клоп со годишна плата од 17,8 милиони евра.

Интересно е што на четвртото место е Грем Потер со плата од 13,5 милиони евра, а потоа следуваат Макс Алегри, Томас Тухел и Карло Анчелоти.

Во Топ 10 го нема тренерот на Барселона, Чави, кој годишно заработува „само“ 3,8 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави