Американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Вонредната состојба беше воведена од поранешниот претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година.
Горниот дом гласаше со 68 „за“ и 23 „против“ за ставање крај на вонредната состојба.
Минатиот месец, Претставничкиот дом, исто така, гласаше со 229 „за“, 192 „за“ за укинување на декларацијата.
Се очекува актуелниот претседател Џо Бајден да ја одобри и потпише оваа одлука.
Вонредната состојба секако требаше да се укине во мај, што значи дека невакцинираните странци ќе можат без проблем да влезат во Америка.
Ова значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на летната американска турнеја, Мастерсот во Синсинати и Ју-ес Опен од 28 август до 10 септември.