Чиле го регистрираше првиот случај на птичји грип кај човек, соопшти Министерството за здравство.
Птичји грип е регистриран кај 53-годишен маж со тешки симптоми на грип, но тој е во стабилна состојба, се вели во соопштението на Министерството.
Владата го истражува изворот на инфекцијата и другите луѓе кои биле во контакт со пациентот. Чиле бележи случаи на птичји грип, H5N1, кај диви животни во изминатата година.
Последните случаи на индустриските фарми ја принудија Владата да го прекине извозот на живина. Истите случаи се забележани и на живинарските фарми во Аргентина, но во Бразил, најголемиот извозник на живина, досега не е регистриран ниту еден таков случај.
Чилеанските здравствени власти посочуваат дека вирусот може да се пренесе од птици или морски цицачи на луѓе, но не е познат случај на пренесување на вирусот од човек на човек.
На почетокот на годината Еквадор го потврди првиот случај на човеково пренесување на птичји грип кај деветгодишно девојче.
Глобалните здравствени претставници тврдат дека преносот на вирусот од човек на човек е многу низок, но производителите на вакцини веќе подготвуваат вакцини за птичји грип за луѓето „за секој случај“.