Сириските државни медиуми објавија дека Израел извршил „серија ракетни напади“ од својата Голанска висорамнина врз околината на Дамаск. Двајца војници се повредени и е причинета материјална штета.
Сириската противвоздушна одбрана возвратила со оган и соборила „неколку проектили“.
Во изминатите неколку години, Израел извршил напади врз „иранските врски“ во Сирија, каде силите поддржани од Техеран, вклучително и либанскиот Хезболах, го утврдиле своето присуство за да му помогнат на сирискиот претседател Башар ал-Асад во граѓанската војна што избувна во 2011 година.