Шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром, изјави дека повеќе не е сигурен оти неговата земја ќе може да влезе во НАТО до јули, по новите приговори од Унгарија.
Шведска поднeсе барање за приклучување кон воената Алијанса по руската инвазија на Украина минатата година, но Унгарија и другата членка на НАТО Турција сè уште не ја одобриле апликацијата.
Билстром минатата недела изјави дека Шведска ќе стане членка до самитот на НАТО во јули, потесети „Ројтерс“.
Турција ја обвини Шведска за засолниште на членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара и нејзините западни сојузници ја сметаат за терористичка група, а односите меѓу двете земји беа нарушени со протестите во јануари во близина на турската амбасада во Стокхолм, каде беше запалена копија од Куранот.
Шведската влада рече дека сериозно ги сфаќа наводите на Турција, но дека има некои барања, како што е екстрадиција на луѓе кои Турција ги бара, кои не може да ги исполни.
Финска истовремено со Шведска аплицираше за влез во НАТО.