Се урна мал авион при полетување во Пула

При полетување се урна авион на аеродромот во Пула, пришто загинаа две лица. Според хрватските медиуми, станува збор за мал приватен авион.

Неофицијалните информации говорат дека во прашање се странски државјани, сопружници. Авионот имал германски ознаки, па се претпоставува се работи за државјани на Германија, пренесува Истра24.

Од аеродромот во Пула информираат дека се одложени сите летови на неодредени време.

Сè се случило доста брзо и сопружниците загинале, пишуваат хрватските медиуми.

Се чека истрагата да ги утврди причините за падот на леталото.

Треба да знаете
Последни објави