Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа на Твитер напиша дека Европската унија (ЕУ) го осудува затворањето на американскиот новинар Еван Гершкович во Русија под обвинение за шпионажа.
- „Новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени. Руските власти уште еднаш го покажуваат своето систематско непочитување на слободата на медиумите“, напиша Борел.
- Руската безбедносна служба (ФСБ) вчера соопштија дека е уапсен дописник на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ под сомнение за шпионажа во корист на Вашингтон.
- Според извештаите, ФСБ ги разоткрила „незаконските активности“ на Еван Гершкович, акредитиран дописник на американскиот весник, кој работел во московската редакција.