Жена паднала низ прозорец од седми кат во зградата на Министерството за одбрана во Белград

При работа на редовно хигиенско одржување на зградата на Министерството за одбрана во Белград  денеска околу 10:00 часот, хигиеничарка С.С.(59) паднала низ прозорецот од седми кат.

„Екипата за итна помош веднаш го пренесе тешко повредениот работник во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија“, се вели во соопштението на министерството, пишува Н1.Надлежните органи се на место за увид.

Треба да знаете
Последни објави